На 23-то светско првенство во Шпанија, во третиот натпревар кој го одигра Македонија против Исланд, нашите изгубија со 19-23.
Во првото полувреме бевме сведоци на цврста, изедначена игра, која најдобро ја оценува и резулатот на полувреме 10-10. Но, за жал, на ова светско првенство, Македонија игра добро само во првото полувреме.
Исланд второто полувреме го започна фуриозно и за брзо време направи скор од 0:4. По ова нашите малку се созедоа и ја намалија разликата на 2 голови. Сепак иницијативата ја имаа противниците. Повторно успеаа да направат голема разлика, овој пат со 5 голови. Нашите ракометари, иако се обидуваа, сепак не можеа да ја анулираат оваа предност. Исланд не беше ни малку наивен противник, добро го чуваше резултатот до самиот крај и победи со 19-23.
WebOhrid