Учество на АРМ на состанокот на Евроатланскиот воен комитет на НАТО

Делегација на АРМ предводена од Началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески ќе учествува на состанокот на Евроатланскиот партнерски Воен комитет во сесија на началници на генералштабови (EAPMC/CS), кој се одржува во деновите 16 и 17 јануари во командата на НАТО во Брисел.

На првиот ден од состанокот во Брисел, армиските лидери на членките на НАТО и ПзМ ќе расправаат за операциите на НАТО во мисијата ИСАФ во Авганистан и идното учество на НАТО во изградбата на безбедноста во овој регион за периодот по 2014 година, со посебен осврт на воениот аспект на мисијата ИСАФ, при што посебно ќе стане збор за обуката на Авганистанските безбедносни сили.

Вториот ден, пред Воениот комитет на НАТО е предвидено да бидат презентирани актуелната безбедносна состојба, активностите и идните планови на Алијансата за мисијата КФОР на Косово.

На средбите во Брисел, покрај останатото се очекува генералот Котески уште еднаш да ја потврди определбата на Република Македонија и АРМ за понатамошното учество во мировните мисии предводени од НАТО алијансата.

nato2