Акција за чистење на магистралниот пат од Охрид до аеродромот

Почнувајќи од вчера, 16.01.2013 год. (среда), Ј.П. „Охридски Комуналец“ започна акција за расчистување на расфрланиот отпад (градежен шут и друг цврст отпад) покрај магистралниот пат Охрид-Скопје, на потегот од надвозникот кај влезот во Охрид до аеродромот. Иако надлежно за одржување на магистралните патишта е државното јавно претпријатие „Македонија пат“, грдата слика на расфрлан отпад на влезот во нашиот туристички центар не треба да е пред очите на граѓаните. Затоа, Ј.П. „Охридски Комуналец“ со сопствени средства, вработени и механизација го расчистува овој потег. Поради големите количини на отпад, во првиот ден од акцијата се расчистуваше потегот од надвозникот до „Св.Еразмо“ и подигнати се околу 80 вреќи отпад, а наредниве денови ќе се продолжи до аеродромот.