Денес и утре дожд и снег

Според Управата за Хидрометеоролошки работи во текот на ноќта и за време на викендот ќе има врнежи од снег кој наместа ќе бидат пообилни, а на повисоките места ќе се формира позначителна снежна покривка. За време на викендот врнежите од дожд и снег ќе бидат со послаб интензитет.

Утринските температури ќе се движат од -1 до 5 степени, а максималните дневни температури ќе се движат од 3 до 8 степени, информираат од УХМР.