ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ доби нови спортски реквизити. Средствата собрани од хуманитарниот ракометен натпревар што се одржа на 9 декември во организација на Општина Охрид, Црвениот крст и Ракометниот клуб „Охрид 2011“ се искористија за навабка на детски спортски реквизити со кои кај најмладите ќе може да се развива спортскиот дух и набавка на телевизор за децата со посебни потреби од здружението „Зраци“.
Овој натпревар ќе стане традиционален и е дел од програмата за прослава на патрониот празник на Охрид Св. Климент Охридски.