И оваа година Охрид ќе биде претставен на престижниот туристички саем – Истанбул 2013. Претставници на Секторот за ТЛЕР при Општина Охрид, од 24 – 28 јануари, ќе учествуваат на саемот каде ќе биде презентирана туристичката понуда на Охрид.
Од одделението за туризам ги повикуваат сите туристички субјекти од градов, да достават свои промотивни материјали во просториите на Секторот за ТЛЕР за нивна презентација на саемот.
За подетални информации заинтересираните може да се обратат на тел: 230-175. Промотивните материјали треба да се достават најдоцна до 21 јануари 2013 година.