Црногорците се лечат од „Facebook“

„Facebook“ користат скоро половина од жителите во Црна Гора, а кај најмладите има и зависници кои се лечат во приватни клиники.

Профил на „Facebook“ имаат 300.420 жители на Црна Гора. Најзастапени се корисниците кои имаат од 18 до 24 години, нив ги има 97.600. „Facebook“ повеќе го користат мажи 55%, додека пак 45% жени.

Еден специјалист за лечење на зависници кажува дека досега во неговата кариера лечел 10 зависници од интернет, меѓу кои и две малолетни лица зависни од „Facebook“.

„Ниско ниво на толеранција, антисоцијална криза, запоставување на здравиот живот, зголемувањето на времето поминато на „Facebook“, се знаци дека станува збор за зависник од таа мрежа“. – објаснува специјалистот.

Неговите пациенти на интернет поминувале и до 15 часа за време на викендите, а останатите денови од 5 до 7 часа. Исто така, доколку родителите им забранат интернет на своите деца, кај нив се јавува нервоза, несоница, потиштеност и останати симптоми својствени за алкохоличари и нарко зависници.

Препораките кон родителите се: да внимаваат на кој начин нивните деца го користат интернетот, бидејќи „злоупотребите се многустрани“.