Каде ќе бидете за време на фрлањето на Светиот крст?

Според анкетата на WebOhrid во која учествуваа 52 испитаници, 71% од читателите ќе го проследат фрлањето на Светиот крст на Градскиот плоштад. Интересот за овој настан е навистина голем, сепак само 6% од анкетираните ќе останат дома. Останатите 23% во текот на овој Свет чин ќе присуствуваат на некое друго место.

Фрлањето на Светиот крст во водите на Охридското Езеро ќе биде во 10:30 часот.

WebOhrid