Во 18 коло од Јадранската АБА лига, екипата на МЗТ Скопје на домашен терен играше против Сплит. Одлична игра имаа нашите кошаркари во првото полувреме, со предност од 12 поени, со резултат 49-37.
Во второто полувреме падна концентрацијата на нашиот тим, екипата на Сплит успеа да ја намали разликата уште во третата четвртина. Во последната четвртина за момент гостите имаа мала предност, но нашите изедначија и го задржаа резултатот 79-79 до крајот од регуларниот дел.
Во продолжението од 5 минути, видовме повторно одлична игра на МЗТ Скопје, нашите играа фантастично и успеаа да направат дури 9 поени разлика, за 93-84 конечен резултат.
WebOhrid