Среќни фаќачи на Светиот крст во Велестово, Коњско, Велгошти и Пештани

Празникот Богојавление-Водици, традиционално, освен на градскиот плоштад во Охрид, беше одбележан и во Велестово. Светиот крст кој се фрла во базенот во Велестово, за прв пат имаше среќа да го фати 18 годишниот Дејан Блажески.

Velestovo2

Богојавление-Водици беше одбележан со песни и ора и во Коњско, каде што најсреќен беше 17 годишниот Мартин Ѓорѓиоски.

Konjsko1 Konjsko2

Во Велгошти најсреќен меѓу триесетината капачи беше Слободан Крлески кој го фати Светиот крст.

Velgosti

24 годишниот Анастас Локоски го фати чесниот крст во Пештани, каде присуствуваше и градоначалникот Александар Петрески.

Светиот крст на сите среќни фаќачи ќе им донесе здравје, љубов, среќа и благосостојба во текот на целата година.

WebOhrid