Тешка кражба во црква во Враништа

На 01/02.06.2014 година, во црквата „Пречиста“ во с.Враништа, струшко, непознат сторител со употреба на подесен предмет извршил тешка кражба при што одзел околу 1.700 денари. Извршен е увид и се преземаат мерки за откривање на сторителот.