Кривична пријава за тешка кражба во црква во Струга

Поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „Тешка кражба“ секторот за внатрешни работи Охрид, поднесе кривична пријава против Е.И.(19) од Штип и Е.Ќ.(18) од Прилеп.

Пријавените, тешката кражба ја извршиле на 18-ти овој месец околу 05 часот, откако со чекан и штрафцигер ја оштетиле бравата од влезната врата и насилно влегле во внатрешноста на црквата „Св.Петка“ во Струга. Притоа одзеле 600 денари, три бакарни свеќници високи околу 1,3 метри, четири бакарни и три алуминиумски тепсии како и други поситни предмети.

Одземените предмети успеале да ги префрлат позади спортската сала во Струга каде со чекан ги кршеле и оштетувале. Откако ги искршиле на повеќе делови, ги ставиле во платнена вреќа и така подготвени за продажба ги сокриле во близина на бараките на улицата „Црни дрим“. Бесправно одземените и оштетени предмети, се пронајдени од страна на полициските службеници.