Дожд и снег во наредните денови

Од  Управата за хидро метеоролошки работи за наредните денови најавуваат врнежи од дожд, додека на повисоките места врнежи од снег. За време на викендот не очекува променливо облачно време со повремен снег, пад на температурите кои ќе се движат од нула до 7 степени.

И во Охрид во наредните денови се очекуваат врнежи од дожд и снег. Ќе дува ветер од северен правец.

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива тековно во зимски услови, по претежно влажни коловози. По клисурите и засеците можна е зачестена појава на поситни одрони, посебно на патните правци Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија-Удово и Катланово-Велес. Дежурните екипи на Ј.П. Македонија пат се на терен и редовно ги контролират и одржуваат проодни сите патни правци.