Папата Бенедикт ги предупредува лидерите на Римокатоличката црква дека не можат да ги игнорираат друштвените мрежи како што се „Facebook“ и „Twitter“, тоа е реалност која треба сите да ја поддржуваат како би ја ширеле верата на новите генерации.
Папата, кој твитува на девет јазици, ја искористи својата годишна порака и ја посвети на оние кои имаат улога во друштвените комунукации, со што би се нагласил потенцијалот кој го има црквата, која се бори да ги задржи верниците и во религиозна атмосфера да привлече нови.
„Дигиталното опкружување не е само виртуелен свет, туку дел од секојдневниот живот на многу луѓе, особено на младите“, – рече 85 годишниот Бенедикт XVI.
Папата има 2,5 милиони следбеници на „Twitter“, а скоро 11 илјади од нив ги пратат неговите твитови на латински.