Сите бои на Сонцето

Сите бои на Сонцето не се видливи за човечкото око. Кога го гледаме, можеме да видиме само жолта топка. НАСА ни прикажува од кои бои е составено Сонцето.

Сонцето, всушност, емитува светлина во сите бои, но бидејќи жолтата е најсветлата бранова должина од Сонцето, тоа е боја која можеме да ја видиме со голо око или пак доколку ја сликаме со фотоапарат. Кога сите видливи бои се собрани заедно, научниците тоа го нарекуваат „бела светлина“. – објаснуваат од НАСА.