Закажана 58 седница на Советот на општина Охрид

Во четврток (31 јануари) со почеток во 11 часот ќе се одржи педесет и осмата седница на Советот на општина Охрид.

На Дневен ред ќе се најдат 37 Предлог-Одлуки за кои првично ќе расправаат Комисијата за јавни и комунални дејности (28 јануари со почеток во 9 часот), Комисијата за заштита на животната средина (28 јануари со почеток во 12 часот), Комисијата за урбанизам (28 јануари со почеток во 14 часот), Комисијата за општествени дејности (29 јануари со почеток во 9,30 часот) и Комисијата за финансии и буџет (30 јануари со почеток во 14 часот).