Динамо Загреб се откажува од Ферхан Хасани, а „Македонски Спорт“ веќе го промовираше

Иако крилниот напаѓач Ферхан Хасани го делеа само лекарските прегледи од Динамо Загреб, токму после нив е одлучено дека нема ништо од најавениот трансфер.

„Динамо одлучи да ја откаже работата со Волфсбург околу доведувањето на Ферхан Хасани. Како што рековме пред неколку дена на нашата официјална страна, Хасани во Загреб требаше да ги мине уште лекарските прегледи, а бидејќи на прегледите видовме повреда која бара подолго време за заздравување одлучивме дека сепак нема да дојде до трансфер на Хасани во Динамо“. – рече спортскиот директор на Динамо Загреб, Зоран Мамиќ.

„Жал ни е што работата не ја завршивме, но така стојат работите во фудбалот, а на Ферхан му посакуваме се најдобро во неговата кариера“. – додаде Мамиќ.

Инаку од „Македонски Спорт“ денес ја објавија веста: „Македонскиот репрезентативец Ферхан Хасани вчера ги мина лекарските прегледи на “Максимир” по што и официјално го комплетираше трасферот од Волфсбург во Динамо Загреб. Најдобриот фудбалер во Македонија за 2011 година во следните три години ќе го носи “модриот” дрес на загрепчани“.

Спортската редакција на WebOhrid, уште од самиот почеток ги следи сите информации околу овој трансфер, а официјалниот став од страна на Динамо Загреб излезе дури денес.

WebOhrid