Екипите на „Паркови и зеленило„ продолжија со акцијата за уредување на дрворедите во градот. Улицата „Јане Сандански“ е завршена, а од денес се уредува дрворедот по „Булевар Туристичка“. На потегот од новиот кружен тек до спортската сала се изврши кастрење и кроење на гранките, како и сечење на старите, суви и уништени гранки, согласно претходна проценка од стручни лица.
Засадени се и 4 нови садници од видот јавор. Во наредните денови се продолжува со другите делови од „Булевар Туристичка“ кои ќе се уредуваат етапно.