Успешен старт на новата обврска за поднесување на електронски ддв пријави

Последните податоци на УЈП покажуваат дека новата обврска за поднесување на електронски ДДВ пријави, која стапи на сила од 1 јануари 2013 година, месечните ДДВ обврзници навреме и успешно ја завршија, со мал процент на исклучоци.

Од вкупно 4584 фирми кои имаа обврска до 23.59 часот на 25 јануари да достават ДДВ пријава по електронски пат преку системот е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk/ на УЈП, 124 месечни ДДВ обврзници не презеле никакви чекори и не се усогласиле со новиот начин на електронска комуникација со УЈП, односно воопшто не се регистрирале за користење на е-даночните услуги со дигитален сертификат на USB токен.