Делегација на општина Охрид предводена од претседателот на советот Душко Јаковчески, во периодот од 25.01.2013 до 27.01.2013 година, учествуваше на конференцијата за заштита на европското културно наследство на збратимените градови, која се одржа во унгарскиот град Харкани.
Јаковчески одржа презентација за заштитата на културното наследство на Охрид, како град кој се наоѓа на двете листи на УНЕСКО.
Покрај Охрид, свое учество зедоа градовите: домаќинот-Харкани, Трогир-Хрватска, Будимпешта-Унгарија, Прага-Чешка, Русе-Бугарија, Фатерштетен-Германија, Слупца-Полска и Хајдубесермени –Унгарија.
Конференцијата заврши со потпишување на Декларација за заштита на европското културно наследство на збратимените градови.