Со распишување на Локалните избори 2013 од страна на Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељановски, Министерството за внатрешни работи ги отпочна подготовките за постапување во рамки на законските ингеренции и обврските кои произлегубваат од нив.
Со одлука на Министерот за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, формиран е Оперативен штаб кој треба да ги испланира и реализира сите активности во рамки на републичката акција Избори 2013.
Веќе е донесена агендата и планот за обуки на полициските службеници кој треба да го реализира Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди, а кој се однесува на предизборниот период, односно кампањата, како и на самиот ден на изборите. Во врска со одржувањето на локалните избори 2013 година, а со цел законито превземање на мерки и дејствија од страна на вработените во МВР за време на предизборната кампања, СВКПС како контролен механизам ќе превземе активности со цел непречено одвивање на изборниот процес во текот на изборниот процес пред одржување на локалните избори 2013 година. Имајќи го предвид наведеното, СВКПС ќе одржи работни состаноци со раководителите на организационите единици во Министерството на кои што ќе им биде укажано за начинот на однесување и постапување на полициските службеници за време на предизборната кампања. СВКПС на работните состаноци ќе ги задолжи старешините на организационите единици во полицијата да одржат работни состаноци со вработените на кои што ќе им укажат на полициските службеници во предизборната кампања за време на локалните 2013 да постапуваат согласно: Правилникот за начинот на вршење на полициските работи; Правилникот за начинот на постапување на полицијата за време на спроведување на изборите; Законите на важност во Република Македонија. Исто така на работните состаноци на полициските службеници ќе им биде укажано за следното: доследно да го почитувааат член 128 од Законот за внатрешни работи; надвор од работното време да не се ставаат во функција на политичките партии заради вршење изборни нерегуларности, да не го нарушуваат јавниот ред и мир и угледот на Министерството за внатрешни работи; да се воздржуваат од какви било провокации на активисти на политичките партии, а доколку учествуваат во вакви настани ќе бидат превземени најстроги дисциплински мерки согласно Колективниот договор на МВР и важечките закони.
Во однос на самиот ден на изборите, 24.03.2012 година, СВКПС ќе ја покрие целата територија на Р.Македонија, при што припадници ќе бидат распоредени во Секторите за внатрешни работи. Вработените во Секторот за секое примено известување за незаконско и непрофесионално постапување на полициските службеници припадниците на Секторот веднаш ќе излезат на лице место со цел констатирање на фактичката состојба и превземање на понатамошни мерки. Со реализација на напреднаведените активности ќе се отпочне на 24.03.2013 година од 06.00 часот и ќе трае до завршување на активностите.
Исто така дадена е насока за зголемена динамика во работењето и на Управните служби кои согласно досегашната практика ќе издаваат биометриски лични документи и на денот на изборите.
Во однос на превентивните активности, МВР отпочна со соработка и со невладини организации кои понудија проекти за зајакнување на јавната свест во насока на превенција од насилство во текот на изборниот процес. Имано веќе е потпишано писмо со намери, со Џабир Дерала, Претседател на НВО „Цивил“ кои го понудија проектот „Слободни и ненасилни избори 2013“.