Посета на обука на питомците во зимски услови

На ден 29–ти јануари 2013 година на падините на Попова Шапка во посета на питомците од втората година од Воената Академија „Михајло Апостолски“ беа национални и локални новинарски екипи. 

Гостите имаа шанса од блиску да се запознаат со активностите кои питомците ги изведуваат за време на обуката во зимски услови пред се тука спаѓаат изработката на импровизирани објекти за престој во зимски услови. Пред новинарите од страна на питомците беа демострирани и способностите за скијање и употреба на оружјето во зимски услови. Новинарите има можност да разговараат и со командантот на Центарот за обука на питомци како и со питомците од Македонија и Црна Гора.