Реакција на ВМРО-ДПМНЕ за тужбата поднесена од страна на градоначалникот Петрески

Во врска со тужбата од страна на градоначалникот Александар Петрески, поднесена до портпаролот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, Никола Митровиќ, со реакција излегоа од центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

„Во врска со соопштението од кабинетот на градоначалникот Александар Петрески за тужба против портпаролот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид, г-дин Никола Митровиќ, потенцираме дека тоа е уште една панична реакција на исплашен човек кој ќе ги изгуби наредните локални избори.

Од друга страна, со задоволство прифаќаме вистината да биде докажана преку надлежните институции, додека за начинот на кој работи оваа локална самоуправа и Александар Петрески ќе покажат ревизиите кои ќе се спроведат по неговото заминување од функцијата градоначалник.

Исто така укажуваме дека во вчерашната реакција на локалната самоуправа не беа негирани нашите наводи во пресот туку напротив беше потврдено дека локалната самоуправа објавила тендер за издавање на улични паркинзи во централните зони на град Охрид“. – стои во реакцијата од центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.