Во врска со обвинувањата на СДСМ, дека ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот за градоначалник д-р Бакрачески, вршат предвремена и незаконска кампања, со реакција излезе ОК на ВМРО-ДПМНЕ, во која стои:
„Петрески и СДСМ веќе неколку недели наназад врши брутално малтретирање врз вработените во општинската администрација и во јавните претпријатија. Соочени со фактот дека немаат поддршка за нивните тнр. маршови Петрески и СДСМ се одлучија на фатален за нив чекор со притисоци и закани врз нашите сограѓани вработени во општинската администрација.
Петрески собирајќи ги вработените во салата на општинското Собрание покрај гневот од губењето на поддршката искажал закани кон вработените заради тоа што не го поддржуваат. Таквото малтретирање на нашите сограѓани вработени во администрацијата во Охрид е недозволливо и мора итно да престане и да им се дозволи правото на сограѓаните сам да си одлучат кого и што поддржуваат. Овој притисок и манипулации се зголемува и со издавање на некакви решенија, околу 36 на број, за наводно вработување во Општината кои однапред се знае дека не се согласно процедурите и се во спорен законски период. Со тоа се прави штета и на општината Охрид и на изманипулираните сограѓани. Сето ова е всушност класичен пример на недемократско однесување од страна на СДСМ и Петрески. Тоа ли е демократијата на СДСМ? Со ова се потврдува дека маршевите на СДСМ не се ништо друго тука само класична партиска предизборна кампања почната уште пред месец дена.
Ги охрабруваме нашите сограѓани да го издржат овој терор на СДСМ и Петрески и мирно и достоинствено на 24 Март да гласаат по свое убедување. Од 25 Март под водство на ВМРО ДПМНЕ во Охрид ќе настапи нова ера на достоинствен град и сограѓани ослободени од притисоци, корупции, криминалии и насилничко однесување што беше карактеристика на Петрески и СДСМ во овие 8 години“. – се вели во соопштението.