Во СВР доделени сертификати за ментори обучувачи

На пригодна свеченост денес во Секторот за внатрешни работи Охрид, беа доделени сертификати за ментори обучувачи. Вкупно дваесет полициски службеници  од Охрид, Струга, Кичево и Дебар, денес ги добија дипломите по што истите, секој во својата организациона единица, ќе продолжат со стручно теренско оспособување на примените кандидатите за полицајци.

Како дел од севкупната обука на кандидатите за нивно поквалитетно и поуспешно оспособување во извршување на полициската работа, менторите имаат задача со кандидатите да реализираат практична теренска обука за поефикасна и поефективна реализација на полициските задачи на терен. 

Теренската обука на примените кандидати, доаѓа по завршениот прв модул од нивната основна обука за полицаец што се спроведува во центарот за обука во Скопје. 

Според наставната програма за обука, се предвидува со секој кандидат-слушател кој е упатен на теренска обука во секторите за внатрешни работи, да работи менторот на работното место и непосредно при извршување на задачи од областа на јавниот ред и мир, патролна и позорна активност како и во областа на безбедноста во патниот сообраќај.

obucuvaci2