Египќаните и дефинитивно со своја независна листа за советници и свој независен кандидат за Градоначалник

Петрит Хусеин, ќе биде носител на Независната листа на граѓани, која е исклучиво составена од припадници на етничката заедница Египќани, а чија крајна цел е, Египќаните, кои неофицијално се втори по бројност во Охрид, да имаат свој автентичен Египќанец во Советот на Општина, кој би ги барал и би ги штител правата, слободите и интересите на Египќаните во Охрид, но и пошироко. Истоа така, Египќаните во Охрид, ќе настапат и со независен кандидат за Градоначалник, дипл. правник  и долгогодишен активист за човекови права, г-дин Демир Далип.

„Се повикуваат сите Египќани, како и сите граѓани, без разлика на национална, верска или било која припадност, а кои ги почитуваат Египќаните како свои сограѓани, мирољубиви, лојални и пред се пријателски, од утре, 02.02.2013 година, во одделението за Правда, со свои потписи да ги поддржат“. – изјави подносителот на листата, Петрит Хусеин.

Исто така, г-динот Петрит Хусеин, потенцира, дека е за фер, коректни и демократски избори, но ако се направи притисок врз египќанскиот народ, благовремено ќе се известат ОБСЕ, Американскиот Амбасадор, г-динот Волерс, како и целата меѓународна заедница, вклучувајки го и Советот на Европа, особено одделот за човекови права.

DemirDalip