Поднесена прекршочна пријава против три лица од Велешта

Поради предизвикано нарушување на јавниот ред и мир со физички напад, полициската станица од Струга, против лицата Е.Р.(19), Е.Р.(16) и В.К.(20) сите од селото Велешта, поднесе прекршочна пријава.

На 30-ти минатиот месец, пријавените, во холот на средното  училиште „Нико Нестор“, најнапред вербално, а потоа и физички ги нападнале учениците И.С.(19) од  струшкото село Татеши и Е.Б.(19) од  населба Теферич.  Притоа, тие им задале повеќе удари со раце и нозе по главата и останатите делови од телото нанесувајќи им  телесни повреди.

Физичкиот напад се случил на вториот кат од средното училиште околу 14 часот. Претходно, пријавените се сретнале во близина на средното училиште „Ибрахим Темо“ по што едниот од нив им кажал дека имал нерасчистени односи со И.С. и дека морал да го реши проблемот од претходниот ден. Оттука,  тројцата пријавени влегле во средното училиште каде пред една од училниците на вториот кат го забележале И.С. и веднаш ја започнале караницата. Набрзо почнале да го влечат за облеката и да го удираат со тупаници. 

Во физичката пресметка, бил нападнат и Е.Б. кој сакал да  ги раздели и да го оттргне нападнатиот соученик.