Се интензивира соработката меѓу Општините Охрид и Рокдејл

Градоначалникот Александар Петрески, денеска имаше средба со Влатко Неделкоски од Македонската хуманитарна асоцијација Св. Архангел Гаврил од општината Рокдејл во Сиднеј, Австралија. На средбата Неделкоски ги пренесе поздравите и пораките на градоначалникот на Рокдејл Бил Саравиноски, кој потекнува од охридско. Заднички беше констатирано дека во иднина со неколку проекти ќе се интензивира досегашната соработка.