Египќаните поради закани од индивидуални албански криминогени структури, ги повлекоа независните листи за советник и градоначалник во Охрид

Подносителот на независна листа за Советници, г-дин Петрит Хусеин, како и подносителот за Независен кандидат за Градоначалник на град Охрид, Демир Далип, денес ги повлекоа своите листи од ДИК.

Како што изјавија за WebOhrid, истите биле под силен притисок, закани по живот, здравјето и општата безбедност, нивна лична, но и на нивните семејства.

Петрит Хусеин и Демир Далип подолго време предупредуваа дека ќе се врши силен притисок врз нивните сограѓани, Египќани, како и врз нивните симпатизери, за што во повеќе наврати бараа заштита од државните органи.

Како што напоменаа и двајцата лидери на Египќаните, листите ги повлекле од причина што не сакале во оган да го стават својот народ, истиот да го заштитат од криминалните групи, кои и се мошне познати на Охридската Полиција.

Иако длабоко разочарани од ваквите недемократски постапки, двајцата лидери на Египќаните истакнаа дека заедно со нивните соработници, симпатизери и поддржувачи, и понатаму активно ќе учествуваат во насока на заштита и остварување на правата на својот народ Египќаните, а за ваквата состојба, велат, ќе бидат известени сите меѓународни организации, вклучувајки го и ОБСЕ.

DemirDalip