МЗТ Скопје 76-87 Унион Олимпија

Во 20 коло од јадранската АБА лига, екипата на МЗТ Скопје на домашен терен, во СЦ „Борис Трајковски“, ја пречека екипата на Унион Олимпија.

Натпреварот започна динамично, првата четвртина беше ефикасна, со неколку пресврти, со резултат 19-21 ја добија гостите. Кошаркарите на МЗТ Скопје играа добро во втората четвртина, дојдоа во водство и со резултат 42-36 заминаа на полувреме.

Во второто полувреме гостите тргнаа поофанзивно, веднаш ја анулираа предноста што ја имаше МЗТ на полувреме, и дојдоа во водство 62-64 на крајот од третата четвртина.

Мечот се решаваше во последната четвртина. Кошаркарите на Унион Олимпија ја зголемија предноста особено со ефикасноста во постигнувањето на три поени, а пак екипата на МЗТ Скопје иако се обиде да го следи чекорот на противникот, грешеше повеќе, а со тоа не можеше да ја стигнат разликата до крајот на натпреварот. На крајот МЗТ Скопје изгуби со 76-87 од Унион Олимпија.

По оваа средба, следува пауза од две недели за МЗТ во АБА лигата пред завршните шест кола.

WebOhrid