Компанијата „Google“ е толку сигурен во безбедноста на својот систем „Chrome“ така што нуди награда од преку 3 милиони долари за тој што ќе успее да го „провали“.
Најдобрите хакери на светот ќе се соберат на овогодинешното натпреварување Пониум (Pwnium) и ќе се обидат да освојат 3,14159 милиони долари, цифра која е позната како „Лудолфов број“ – Пи.
Самодовербата на технолошките гиганти очигледно дека е голема, претходно, за пребарувачот „Chrome“ нудеше награда од еден, а подоцна и од два милиони долари.
„Google“ тврди дека Chrome OS е најсигурниот оперативен систем што постои, но неговиот дел на пазарот е многу мал, со што сеуште не се соочил со вистински тест во реалниот свет.
Хакерскиот потфат за да биде успешен, мора да биде направен преку веб страната на основниот модел на компјутер Samsung 550 Chromebook, преку безжичен интернет. Успешен обид би бил кога истовремено системот ќе го загрозат неколку хакери, при што секој би заработил по околу 100.000 долари.