Британските научници после долго истражување потврдија дека скелетот кој беше пронајден минатата година под еден паркинг во англискиот град Лестер, припаѓа на кралот Ричард 3-ти. Истражувачите од Универзитетот во Лестер рекоа дека нема повеќе сомнежи дека скелетот од кралот.
Остеологот Џо Еплби истакна дека истражувањата направени врз коските докажале дека станува збор за Ричард 3-ти, а и ДНК анализите се поклопуваат со оние земени од неговите далечни роднини. Тимот од археолози од Универзитетот Лестер во септември соопшти дека коските се најдени на место каде што во 15 век постоела црква во Лестер.
Ричард 3-ти загинал во битката кај Босворт во 1485 година. На власт бил помеѓу 1483 и 1485 во време кога се водела битка околу англискиот престол. Со смртта на Ричард 3-ти завршило владеењето на династијата Јорк и на престолот дошла династијата Тјудор.