Пандев повторно творец на хеттрик за Кавани

Наполи со 3:1 го совлада Интер. Горан Пандев асистираше на два пати, при првиот и третиот погодок за Наполи, односно за хеттрикот на Кавани. Пандев беше заслужен и за вториот гол за Наполи, кога откако го проигра, неговиот соиграч Зунига беше фаулиран во шеснаесетникот на Интер, а ударот од белата точка успешно го реализираше Единсон Кавани.

Во Белгија, Иван Тричковски влезе во игра како тактичка замена во 86 минута во натпреварот во кој неговиот Клуб Бриж со 2:1 го совлада Локерен.

Виборг со 2:1 го победи Вејле Колдинг во данската прва дивизија. Александар Станков го отвори резултатот, беше стрелец за Виборг уште во 16 минута.

WebOhrid