Младите надежи, фудбалерите од „Спортската академија“, вчера, беа почестени со тоа што Фудбалската федерација на Македонија им овозможи да присуствуваат на тренингот на националниот фудбалски тим кој се одржуваше на националната арена „Филип II Македонски“ во пресрет на претстојниот натпревар против тимот од Кралството Данска.
Во рамки на тренингот, тие имаа прилика да се сретнат и разговараат со своите фудбалски идоли меѓу кои се наоѓаа и нашите најистакнати интернационалци – Горан Пандев и Николче Новески, кои низ непосреден разговор, на младите фудбалери се обидоа да им ги пренесат своите искуства на патот кон успехот и, секако, напорите кои како поединци низ годините ги поднесувале со цел остварување на сонот на секој млад фудбалер да заигра за националниот тим на сопствената земја, уште повеќе надоврзувајќи се на чувството на одговорност кое пред нив се исправа од заложбата која им е дадена како најдобри помеѓу најдобрите, а тоа е да се претставува Република Македонија пред сопствената публика на меѓународен натпревар во ваков прекрасен спортски објект.
Како едни од иницијаторите и поддржувачите на комплементарниот проект „Спортска академија“ чиј интерес, по првата година од неговата реализација, да се биде дел од истата е се поголем од страна на младите спортисти, сите присутни на тренингот беа поздравени од страна на директорот на Агенцијата за млади и спорт – Лазар Поповски и претседателот на Фудбалската федерација на Македонија – Илчо Георгиевски.