Сопствениците да ги дислоцираат пловните објекти од каналот „Студенчишта“

Заради довршувањето на градежните работи на пешачката и велосипедска патека од Билјанини извори до ресторанот “Котва“, потребно е сопствениците на пловните објекти кои се во каналот, да ги дислоцираат.

Општина Охрид ги известува сопствениците на бродовите, глисерите и кајчињата, веднаш да ги отстранат од каналот. Доколку сопствениците на пловните објекти не го направат тоа сами, истите ќе бидат дислоцирани, а трошоците ќе паднат на товар на сопствениците.