Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во јануари 2013 година, во споредба со декември 2012 година, е зголемен за 0.1%.
Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.2% и Алкохолни пијалаци за 0.4%.
Индексот на цените на угостителските услуги во јануари 2013 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.5%.