Јапонските научници истражуваат како изгледа процесот на мислење во мозокот кај животните, па објавија снимка како се однесуваат мислите во текот на нормално однесување. Во новото истражување прв пат е применета нова техника во која е заклучено дека одредени делови во мозокот се палат и гасат, што досега не беше можно да се утврди.
На оваа основа ќе може да се откријат абнормалностите поради кои настануваат болестите на мозокот. Тоа укажува дека ќе може да се објасни однесувањето на животните, како што е учењето, помнењето, стравот, радоста… Лекарите ќе можат да развиваат и нови лекови.
Јапонските научници набљудуваа риби и открија кои мозочни станици се активираат во текот на грабнувањето на пленот.