Подносителот на Независната Листа за Советници, г-дин Петрит Хусеин, како и подносителот на листата за Независен кандидат за Градоначалник, Демир Далип, кои важат за неформални лидери на Египќаните, денес на прес-конференција истакнаа дека Египќаните, масовно треба да излезат на гласање, и да го искористат своето право на глас.
И покрај општопознатите причини, на кои беа принудени, да ги повлечат своите листи, а со тоа, и да се намалат шансите Египќаните да имаат свој преставник во Советот на Општина Охрид, сепак се надеваат дека ќе наидат на разбирање кај нивниот електорат.
Петрит Хусеин, кој патем својот работен век, го има поминато во Германија, истакна дека во Демократска земја, треба да гласа граѓанинот, а не како припадници на етнички групации. На тој начин, таткото на градот, се избира непосредно од граѓаните.
Демир Далип, истакна дека Програмите и за советници и за Градоначалник, ќе бидат предложени, на одредени кандидати, со цел, истите да бидат составен дел од нивните програми.
Истоа така, се наведе дека нема да се дозволи, ниту еден Египќанец, да биде малтретиран, бидејќи соодветно ќе се реагира преку Кривични пријави, како и повикаа надлежните органи да ги штитат Египќаните и нивните права и слободи. Најавена е средба со високи преставници на ОБСЕ, на ден 13.02 2013 година, во врска со немилите настани.