Најголемиот морски крокодил умре вчера во еден филипински град. Влекачот долг 6,17 метри и тежок еден тон, минатата година Гинисовата книга на рекорди го прогласи за најголемиот морски крокодил кој некогаш бил заробен. Се претпоставува дека пред да биде фатен во 2011 година, тој крокодил убил две лица. Градските власти подигнаа парк за екотуризам за да го сместат крокодилот кој привлече внимание не само кај домашните туку и кај странските туристи.
Крокодилот вчера се преврти, а неговата смрт беше констатирана неколку часа подоцна.
Властите ќе се обидат да ја утврдат причината за смртта на овој крокодил, кој стана атракција во градот од 37 илјади жители, одалечен околу 830 километри од Манила. Експертите ја проценуваат неговата старост на околу 50 години.