Слаб земјотрес почувствуван во Охрид

Слаб земјотрес беше почувствуван во Охрид во 12 часот и 6 минути. Апаратите на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, со својата телеметриска мрежа на сеизмолошки станици во Охрид, Битола, Крушево, Валандово и Штип го регистрираа овој земјотрес чиј епицентар се наоѓа на длабочина од околу 2 километри во Националниот Парк Галичица, во близина на селото Трпејца.

Интензитетот на земјотресот почувствуван во Охрид и околните населени места изнесува од III до IV степени според Европската макросеизмичка скала-1998.

WebOhrid