Вредност на договорени и извршени градежни работи во странство

Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари-декември 2013 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 5 207 960 илјади денари што е за 0,7% помалку во споредба со истиот период од претходната година. Во наведениот период, градежната оператива од Република Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 1 997 546 илјади денари што е за 119.3% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Франција, Холандија, Србија и Германија, додека на другите пазари е регистриран намален обем. Како нови пазари се јавуваат Индија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Словенија и Либија. Вредносните податоци за периодот јануари-декември 2013/2012 година се дадени врз база на паритетот 1 САД долар = 46.651 денари.