Аферата „коњско месо“ се прошири и во Германија

Скандалот со коњско месо од Британија се прошири и во Германија, бидејќи синџирот на самопослуги „Реал“ во лазањите, наместо телешко, пронајдено е коњско месо, јавуваат германските медиуми.

Во тек е истрага бидејќи постојат индиции дека коњското месо би можело да биде опасно за луѓето, особено лекот фенилбутазон, допинг-средство за тркачки коњи, кој може да има штетни последици за луѓето.

Извештаите дека во супермаркетите ширум Европа се продава месо, лажно обележано како говедско, предизвикаа големо вознемирување кај луѓето. Во аферата биле вклучени организирани романски и италијански криминални групи.

Во меѓувреме Норвешка соопшти дека ги повлекува смрзнатите производи од компанијата „Финдус“ за која се сомнева дека содржи коњско, наместо говедско месо.

Оваа тема особено ќе биде тема на разговор и во Брисел, каде состанок ќе одржи Комитетот за синџирот на исхрана.