НЛО над Охрид

Секогаш актуелните НЛО и тоа како предизвикуваат интерес кај луѓето. Денешниот метеор во Русија, според некои портали беше во голем дел карактеризиран како случка која има врска со вонземјаните и со „Судниот Ден“.

На „YouTube“ токму денес беше објавено видеото „НЛО над Охрид“ кое веднаш се најде на „UFOnews“, портал кој ги следи случувањата поврзани со НЛО, без оглед на тоа дали имаат реална основа или претставуваат шега како што е оваа во Охрид, над музичкото училиште.

Технологијата напредува од ден на ден, сè повеќе и повеќе, а доказ за тоа беше и видеото кое исто така на „YouTube“ ја доживеа својата промоција, каде што не само НЛО-то, туку и автомобилот, сонцето и дрвјата беа компјутерски изработени.


WebOhrid