Министерот за економија на Македонија, Валон Сарачини изјави дека македонската влада не го видела, па со тоа не може да го анализира предлогот од Србија за изградба на каналот Дунав-Морава-Вардар-Егејско море.
Сарачини вчера за новосадскиот Дневник изјави дека најавата за изградба на тој канал предизвикала огромен интерес во Македонија, но додаде дека македонските власти за тоа се информираат од медиумите, бидејќи за тој проект не добиле никаква официјална информација.
Тој потсети дека и порано се разгледувала таа можност, но дека останала само на ниво на основни анализи.
„Во секој случај, во зависност од проектот кој ќе ни биде доставен, и заклучоците кои ќе следуваат врз основа на проектот, би се презеле и идни чекори“. – изјави Сарачини.