Драги мои, децениската „сизифовска“ борба за неповратно позиционирање на припадниците на етничкиот кампус на Египќаните, како автохтон и автентичен етникум во мултиетничка Македонија, дефинитивно не успеа да се ефектуира кон она што значи да бидат дел од Преамбулата на највисокиот правен акт, која иако има декларативен карактер, е солидна почва од која генерираат низа форми на дискриминација, како еден општествен феномен, кој го гризе и онака кревкото мултиетничко и мултикултурно општество.
Донесувањето на законот за спречување и заштита од дискриминација, донекаде и ќе ја амортизира таа состојба на т.н. дискурс на позиционирање по нивоа на етничките, оние помали заедници во Македонија, кои макотрпно се борат да фатат што подобра пол позиција за реализирање и уживање на уставно загарантираните права и слободи. Ова, во крајна линија неприродна состојба, произлегува од самата парламентарна демократија која го фаворизира колективитетот виза ви индивидуата, поединецот, граѓанинот. Но, тој модел на демократија, самите си го одбравме, и еве ги консеквенците од за мене неприфатливата и нефункционална во вакви сложени социополитички односи помеѓу самите етникуми.
Оваа состојба неминовно го опфати и онака кревката и мала етничка заедница на Египќаните, која мораше да се бори и внатре во самиот колективитет и надвор, со ограничувачките фактори, што секако е ужасно тешка работа. Но, работите се усложнуваат во оној момент кога ќе преовладува индивидуал-материјализмот, кога ќе се умешаат некадарни и во најмала рака „шиткачи“ заради остварување на личен интерес, притоа безмилосно рушејќи се што некој направил на научно поле, некој на општествен план или некој Египќанец „крваво“ се борел на политички план. Но, тоа во овие квазидемократии се нормално ненормална појава.
Таквата состојба доведе до поделби внатре во самиот етнички кампус, во дискрепансата дека едните се „елитисти“ демек пообразовани, полични „пази богати“ поавторитетни, а пак другите припаѓаат на авторот на овој текст и во народот познати како „конзервативно полулистички Демироподржувачи“. Таа поделба, секако дека има своја предходница. Не е спорен ноторниот факт дека Сојуз на Египќани беше партија која програмски беше десноцентристички ориентирана, прифаќајќи ги позитивните страни на народните партии, а јас како нејзин основач секако дека ја имав улогата да ги промовирам тие вредности. Признавам, понекогаш бев и толку наметлив, што се раѓаа и контраефективни состојби, но сума-сумарум, мислам дека дадов силен придонес да се заштити и од надвор, но и од внатре самиот етникум од асимилација.
Не сакам да го нарушам комодитетот, што ми го дава со мака создадениот конзервативен морален систем на вредности, но затоа пак, неправедно ќе биде ако не го искористам правото да прашам јавни функционери, колку пати ги казнувале на плати, како ги носеле по митинзи, како имало ситуации, кога буквално се рушел нивниот личен физички и психички интегритет, и згора на сетоа тоа, дрско да ме прашува каква иднина му нуди Демир Далип на својот народ Египќаните? Јас, ниту сум министер, ниту, директор, но сум пред се и над се човек, кој 16 години, во континуитет се бори за правата на својот народ, и му нудам слобода, победа на стравот, враќање на слободата на духот, мирот спокојот, а некој после некое време ќе треба совршено да одговара, за намалената работна способност, за пост стресум состојбите, за казнувањата на плати, за носење по митинзи и слично. Е, тука Демир Далип, нема намера да отстапува, бидејќи се работи за човекови права и слободи. Ништо лично, па макар и брат ми бил …
Демир Далип, овластен претставник на Египќаните за надворешна соработка.
*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.