Вкупно 3.000 деца од семејства во социјален ризик ја искористиле можноста да отидат на бесплатен одмор и рекреација на трошок на државата. Од нив, 2.000 деца биле на летување во 2012 и 1.000 на зимување во јануари 2013 година.
„Како Влада исклучително сме задоволни од реализацијата на овој проект бидејќи се помина во најдобар ред, без непредвидени ситуации и проблеми. Во неколку наврати ги посетивме дечињата во одморалиштата, при што видно беше задовиолството кај нив особено затоа што многу од нив за прв пат во животот имаа можност да одат на летен или на зимски одмор“, рече на денешната прес-конференција министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски.
Тој додаде дека поради успешно спроведениот проект, се размислува тој да продолжи да се реализира и годинава, за што, како што истакна се предвидени средства, но треба да се сочека Владата да донесе одлука.
Децата, од семејства во социјален ризик корисници на социјална помош, или деца корисници на посебен додаток, имаа можност да се одмараат седум дена со посебни едукативни активности во летниот или зимскиот период. За време на одморот била спроведувана и програма со културно-образовни, културно-забавни, спортско-рекреативни и други активности за развивање на психомоторните способности и способноста за договарање, почитување на разликите и соработка во групи,…
Министерот за труд и социјална политика изрази благодарност до Црвениот крст на Република Мкаедонија, кој со своите волонери помогна во реализацијата на однорот, до Алкалоид за донација од заштитни креи и креми за сончање, Акенцијата за управување со одземен имот која обезбеди зимска опрема за децата и до ЕВН.