Се поставуваат 150 корпи за ситен отпад

Деновиве на територијата на општина Охрид се поставуваат 150 корпи за ситен отпад. Акцент се става на автобуските и такси-постојките, детските игралишта, викенд населбите и сите пофреквентни улици во градот. Со овие активности надлежните сметаат дека степенот на хигиена ќе се подигне за еден степен.

Од Ј.П. „Охридски Комуналец“ апелираат граѓаните да го почитуваат Законот за јавна чистота и уредно да го депонираат отпадот во корпите чија намена е депонирање на ситен отпад, а не отпад од домаќинства.