Металург го доби Динамо Минск

Во Виена, заврши извлекувањето на осминафиналните парови во Лигата на шампионите. Металург како противник го доби тимот на Динамо Минск.

Динамо Минск е нашиот осминафинален противник во Лигата на шампионите, екипа со која не врзуваат пријатни но и непријатни моменти. Оваа година ги совладавме во финалето на турнирот во Струга, 26:23, но затоа, пак, загубивме на квалификациите во Порто, 21:27. Се работи за цврст и непријатен противник, а токму во таа насока се и реакциите во клубот.

Ристо Чокрев: “Изборот и не беше толку голем. Лично, ја посакував екипата на Атлетико Мадрид, атрактивен противник со кој сметам дека ќе можевме да се надигруваме, но го извлековме Динамо Минск. Реално, тоа е екипа што можеме да ја пројдеме, но е и екипа која знае да одигра инспиративен натпревар и да ни создаде многу проблеми“.

Лино Червар: “Добивме тежок противник, кој добро го познаваме. Се работи за опасен противник со кого се сретнавме во Струга, и кого го следевме низ групната фаза на Лигата на шампионите. Сметам дека многу важен ќе биде првиот натпревар, кој може да реши многу дилеми. Мислам дека најголеми проблеми ќе ни создадат Атман, Ануфриенко и голманот Пејановиќ. Несреќната повреда на Манасков малку не разниша, но тоа може да биде и мотив повеќе да се сплотиме и да одиграме добро во наредните натпревари“.

Филип Миркуловски: “Јас, како и многумина во Металург, го посакував тимот на Атлетико Мадрид. Од моето искуство со екипата на Динамо Минск, сметам дека се работи за противник кој не ни “лежи“, но кој сепак е подобра опција од екипата на Чеховски Медведи. Се работи за неатрактивен но многу силен и опасен противник, кој ќе ни создаде многу проблеми“.

Средбите ќе се играат на 16/17 март во Минск, и 23/24 март, во Скопје.

Извлечени се следните парови:

Барселона – Силкеборг

Веспрем – Адемар Леон

Киелце – Пик Сегед

Хамбург – Цеље П.Л.

Кил – Чеховски Медведи

Металург – Динамо Минск

Фленсбург – Горење

Фуксе Берлин – Атлетико Мадрид