Бенедикт XVI и официјално во 19 часот стана првиот папа кој во последните седум векови поднел оставка на таа функција, ставајќи му крај на осум годишното бурно владеење, каде беше соочен со неколку скандали.
Бенедикт (85) е втор папа во две илјади годишното постоење на Црквата, кој сам доброволно се повлече од оваа позиција, кој на 11 февруари изјави дека нема повеќе сила да продолжи.
„Драги пријатели, ова е еден поинаков ден за мене… Јас повеќе не сум папа, но останувам во Црквата… Јас сум едноставно патник кој го завршува својот пат на оваа земја“– изјави Бенедикт XVI.
Историското заминување на папата од Ватикан го испратија илјадници верници. Во меѓувреме портпаролот на Ватикан изјави дека конклавата за избирање на нов папа ќе се состане на 11 март. Одлуката за избор на нов папа се очекува кон средината на март, со што новиот папа Велигден би го поминал со верниците. Католичката црква оваа година Велигден го слави на 31 март.