Индекси на прометот во секторот Трговија

Според податоците на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во октомври 2014 година, во споредба со октомври 2013 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групата Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 0.9%, а реално за 1.0%). Намалување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 1.3%, а реално за 1.0%) и Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 12.1%, а реално за 8.0%).